Дванаесет земји веќе се откажаа од учество во натпреварот за Песна за евровизија „Евросонг 2014“.
Во Копенхаген во мај нема да отпатуваат тимовите на Бугарија, Турција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Словачка, Луксембург, Андора, Монако и Мароко.
Бугарската национална телевизија објави дека нема да учествува од финансиски причини.
Андора, Луксембург и Чешка ќе го пропуштат „Евросонг 2014“ поради недостиг на јавен интерес. Турција е незадоволна од системот на гласање, а Словачка смета дека нема шанси да победи. Монако и Мароко не пројавиле интерес да го обноват учеството на конкурсот.
One Response to “Дојде крајот за Евровизија? – Досега 12 земји се откажале од учество”