„Драги соседи, вечерва ќе има забава“ – сосетка нашла начин да ги поткупи другите станари


Со соседите секогаш треба да се биде љубезен затоа што никогаш не се знае кога ќе ви затреба некоја помош од нив во итни ситуции. Но, некогаш соседите треба да се подмитат за свое добро.

Во влезот на една зграда во Белград станарите наместо да стравуваат од соседите дали ќе повикаат полиција поради гласна музика, се воделе со девизата – подобро да се спречи, отколку да се лечи. Ја решиле работата на едноставен и симпатичен начин.

„Драги соседи, во четврток 10. октомври ќе биде организирана забава во станот по повод роденден. Однапред се извинуваме поради можната бука и ви се заблагодаруваме на разбирањето. Во знак на благодарност, мал знак на внимание. Пријатно“, стои во пораката залепена на влзот во зграда.

Под пораката оставиле крем-банани за соседите да се послужат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1