Драма на небото: Авионот на Дивац и Стојаковиќ погоден од – гром!


Гром го погодил приватниот авион на НБА клубот „Сакраменто Кингс“, во кој летаа поранешните кошаркари Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ. Настанот се случил денес, кога авионот кој летал од Индија кон Англија, се спуштал на пистата во Лондон

Приватниот авион на „Сакраменто Кингс“ кој летал од Индија за Англија го удрил гром при слетувањето на аеродромот во Лондон, пренесува ЕСПН. Во авионот биле Владе Дивац, Пеџа Стојаковиќ и останати членови од управата на кошаркарскиот клуб, како и претставници на медиумите.

За среќа, никој не е повреден, а авионот слетал без проблеми. Во авионот не биле членовите на стручниот штаб како и кошаркарите, меѓу кои српските играчи Игор Кокошков, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица, кои патувале со авионот на раперот Дрејк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1