Еден починат и 13 повредени кај Демир Капија


Тешка несреќа се случила на патот Демир Капија-Неготино кога се судриле автомобил и камион, при што едно лице починало, повредени се 13. мигранти.

МВР денеска информира дека во 19.40 часот на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Љ.Д. од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од 52-годишниот С.Ч. од Република Србија.

По незгодата возачот на „ Фолксваген Фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти (10 од Пакистан и три од Бангладеш) го напуштил местото на настанот. Едно 20 – годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1