Ексклузивно – Жестока кавга меѓу Црвенковски и Јакимовски – Еве како Стевчо му го сврте грбот на Бранко


Викање, карање, лични навреди – сето ова се случувало во штабот на СДСМ на извршниот одбор на СДСМ одржан  на 14ти февруари. Најгласни биле Стевчо Јакимовски и Зоран Заев. Јакимовски го обвинил Црвенковски дека ја втурнал СДСМ во погрешна политика – објавува Република

branko i stevcoРепублика пишува дека драмата во СДСМ која резултираше со кандидатура на Јакимовски спротивно на договореното во партијата траела неколку дена и во неколку серијали ќе објавуваат што точно се случувало.

g_g_crvenkovski-brankoИзворите на „Република“ кои се добро упатени во случувањата во најголемата опозициона партија тврдат првата кавга била многу остра, а Црвенковски бил видно вознемирен.

Ги убедувал партијата да издржи уште 10 дена по што странскиот фактор неможејќи да влијае на СДСМ целиот свој притисок ќе го насочи кон владеачката партија. На што не се сложил Јакимовски.

Градоначалникот на Карпош остро реагирал и на одлуката за оставка на пратениците при што побарал и Црвенковски да се откаже од највисоката пензија во државата и да ги сподели проблемите на пратениците.

Ќе добиете апанажа и една година сте обезбедени, а јас сум подготвен пензијата да ја пренасочам кон партиската каса, рекол Црвенковски – на што Јакимовски довикнал „ А од што ќе живееш, или тебе тоа ти е средено“

jakimovskiСпоред изворите на „Република“ за целото време на кавгата на извршниот одбор на СДСМ Јакимовски имал вербална поддршка од Заев иако струмичкиот градоначалник постојано изјавувал дека ќе ја поддржи партиската одлука каква и да е.

Исто како и Јакимовски и Зоран Заев бил целосно подготвен  за кандидатура во случај тоа да го сторат колегите во Карпош, Охрид и Куманово, но не сакал тој да биде првиот што ќе го стори тоа.

Повеќе детали за кавгата во СДСМ на Република.мк

Поврзани вести –

ЈАКИМОВСКИ: НЕ И ГО ОСТАВАМ ЗЛАТЕН КАРПОШ НА ЈАГНУЛА

КАРПОШ ДО ТОКИЈА 🙂 (ФОТО)

Tags:

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Ексклузивно – Жестока кавга меѓу Црвенковски и Јакимовски – Еве како Стевчо му го сврте грбот на Бранко”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.