Експлозија во ковид болницата во Ниш: Повредени се тројца медицински работници и еден пациент


Четири лица се повредени во експлозија и пожар во новата ковид болница во Клиничкиот центар во Ниш.

Како што јавува белградска ТВ Н1, повредени се тројца медицински работници и еден пациент.

До пожарот е дојдено кога експлодирала боца со кислород и тој бил брзо изгаснат. Истрагата се уште е во тек и повеќе информации ќе бидат достапни подоцна.

Во последните 24 часа во Србија на коронавирусот се тестирани 13.429 лица, од кои 4.995 се позитивни, а 31 лице починало.

Ова е рекорден број на починати во еден ден од ковид-19, од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Србија.

Според последните податоци на српското министерство за здравство и Институтот „Батут“ на респиратори во здравствените институции низ Србија се наоѓаат 212 пациенти. Тоа што дополнително загрижува е дека се хоспитализирани рекордни 6.214 лица.

Како што изјави градоначалникот на Белград, д-р Зоран Радојичиќ, утре ќе биде одржан кризен штаб на Градот Белград, а главна тема ќе биде функционирање на градскиот превоз, но и спречување на домашни забави.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1