Ер Франс не е виновен за падот на авионот во кој загинаа 228 патници


Францускиот суд ги одби обвинувањата против авионската компанија Ер Франс поради пад на авионот во 2009 во Атлантскиот океан кога загинаа 228 патници и членови на екипажот.

Одговорноста за несреќата судиите им ја препишаа на загинатите пилоти , со што веднаш ги разбеснија семејствата на настраданите. Судот оценил дека пилотите на Ербас А330 не постапиле по сите предупредувања и достапнит еподатоци од инструментите.

Авионот се срушил во океанот при летот од Рио де Женеиро кон Париз од височина од 11.500 метри во невреме кога влегол во зона со големи турбуленции. Моторите работеле, но крилјата ја загубиле подвижноста.

„Директната причина за несреќата е тоа што екипажот изгубил контрола над авионот“, одлучија денеска судиите по десет години од несреќата, најголема во историјата на францускиот авиопревозник.

Притоа, судиите го игнорирале претходниот заклучок дека причина за катастрофата е замрзнување на пит-цевката за време на летот. Пит-цевката се користи за мерење на брзината на авионите, потсетува Франс Прес. Судиите на тој начин го отфрлија обвинението поднесено од Државното правобранителство против Ер Франс.

Но, адвокат на семејството на жртвите веднаш најави жалба на оваа пресуда.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1