ЕУ ќе воведе привремена забрана за влез во Европската унија


Рестрикцијата првично ќе трае 30 дена, а по потреба може да биде продолжена – истакна Фон Дер Лајен.

Претседателката на Европска комисија, Урсула Фон Дер Лајен најави дека на денешната видео-конференција земјите-членки на Европска унија треба да го прифатат предлогот на ЕК за привремена забрана за влез во Европска унија за сите они кои немаат важна причина за патување.

Рестрикцијата првично ќе трае 30 дена, а по потреба може да биде продолжена – истакна Фон Дер Лајен.

Од ограничувањата ќе бидат исклучени државјаните на Велика Британија, сите кои имаат постојан престој во ЕУ, членови на семејствата на државјани на ЕУ, дипломати, медицински персонал, како и тие што превезуваат стока и работат во пограничните подрачја.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1