Еве како скопските населби и маала ги добиле своите имиња


Aeродром

Населбата го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај поликлиниката „Јане Сандански” и касарната „Гоце Делчев“. Аеродромот бил бомбардиран од страна на нацистичка Германија во април 1941. Првиот патнички авион слетал на 15 јуни 1928 година. Авионот бил од типот „Потез-29“ од француско производство и превезувал 5 патници.

Map_of_Skopje_mkЧаир

Денешната Општина Чаир името го добила од Турците, и потекнува од турскиот збор çair што на турски значи ливада. Кога Турците Османлии го зазеле Скопје, голем дел од нив се населиле на левиот брег на реката Вардар. Овој дел од градот бил послабо населен, па затоа Турците тука ги подигнале своите домови. Територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и била ливада, па од таму новото маало кое почнале да го населуваат Турците го нарекле ливада (Çayır’).

Драчево

Точното значење на името Драчево во нашата наука се уште не е утврдено. Сепак постојат две главни теории за потеклото на името Драчево. Првата теорија смета дека во основата на името Драчево може да се наоѓа личното име Драче кое претставува деминутивно образување изведено од антропонимот Драгољуб, Драгомир, Драгослав. Втората теорија за потеклото на името се поврзува со растението што се вика драч или драча (драка) (лат. Paliurus aculeatus) и има значење на „место каде што има драч“. Драчот бил име за сите бодликави грмушки, а до ден денес за изгребување или бодење се користат глаголите „дречи“, „драскање“. Втората теорија, дека името на Драчево означува место каде што има трнливи и бодликави грмушки.

Тафталиџе

Населбата Тафталиџе името го добива од турскиот збор тахталиџе, што во превод значи маало со дрвени куќи. Ова име го добива бидејќи долго време просторот на денешната населбата Тафталиџе била една голема ливада и имало само по некоја дрвена куќа. Откако Турците го зазеле Скопје, земјиштето на денешно Тафталиџе било во сопственост на едно од најпознатите и најугледни турски семејства Хаџи Гали-бегови.

Капиштец

Името на Капиштец е поврзано со потокот кој течел низ него и Водно, па се претпоставува дека поради водите кои вечно капеле на ова место, месноста го добила името Капиштец, а подоцна тоа име било дадено на денешната населба.

Дебар Маало

Маалото настанало од прогонети Македонци од делови на Западна Македонија кои со сила биле раселени и своето ново место на живеење го нарекле според името на етнографскиот предел од каде што дошле.

Местото каде што било лоцирано ова маало било едно од поновите предградија на Скопје. Пред тоа, на ова место постоеле градини и ниви. Првите куќи биле подигнати во 1920 година од страната на Браќата Петар и Андреја Митровиќ и од Јован Поповиќ. Тие потекнувале од Голо Брдо, Дебарско, регион што по 1918 година припаднал на соседна Албанија. Спомнатите дебарчани во 1919 година се населиле во Скопје, каде што купиле плацеви и изградиле куќи на просторот на некогашното Дебар маало.

Ѓорче Петров

Населбата многу пати го има менувано своето име. Во времето на турското ропство на дел од подрачјето на денешната населба се наоѓало селото Оризари (постело некаде до 1960/65 година), а со доаѓањето на Србите по 1913 година населбата го добила името Анриево (по фрнацускиот генерал Анри), со окупацијата од страна на Бугарите населбата го добила името Жостово (по името на бугарскиот генерал од Пиринска Македонија – Константин Жостов) за по ослободувањето 1944/45 година населението на населбата едногласно (100%) да го даде денешното име спoред Македонскиот револуционер и великан Ѓорче Петров.

Автокоманда

Самото име Автокоманда е во тесна врска со настанокот на населбата. Имено, по завршетокот на Првата Светска војна, војската на Кралството СХС проценила дека овој простор е погоден за стационирање на транспортни единици и на еден дел од денешната населба гради транспортна база. По завршетокот на Втората Светска Војна во текот на 1940-тите и 1950-тите години, војската на СФРЈ ја дислоцира оваа база. По завршетокот на граѓанската војна во Грција, во Автокоманда им се дава прибежиште на Македонците кои биваат протерани од своите дотогашни домови во Грција. Во населбата Автокоманда масовно се доселуваат протераните со цели семејства. Сосема природно, големиот број новодоселени жители се дочекани студено од староседелците во населбата, и се јавува ривалитет кој трае се`до времето на Скопскиот земјотрес.

Како и останатите населби ги добиле имињата прочитајте на – Да Научиме.мк

MK News

Автор инфо

One Response to “Еве како скопските населби и маала ги добиле своите имиња”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.