Еве кои се новите лидери во СДСМ (Фото)


Претседателот на СДСМ реши да ја воскресне СДСМ .Послем бројните контакти со амбасадорскиот кор во Р.Македонија ,

Заев покажува се поголема енергија да ја консолидира СДСМ . На вечерашниот централен одбор на СДСМ беа избрани и потпретседателите на СДСМ,Заев покажува дека сака млади и некомпромитирани лица во своето опкружувајне , дека е решен да докаже она што секој член на СДСМ го посакува , а тоа е стабилен и просперитетен СДСМ.

Четворката која покрај Заев и Шекеринска, кој ќе бидат дел од раководството на СДСМ се:

– Дамјан Манчевски, роден 1978 година, електроинженер, постдипломски студии на универзитетот во Бирмингем. Близок до Шеќеринска, беше дел од тимот на Шеќеринска кога таа беше и вицепремиер за евроинтеграции пред околу седум години.

damjan_mancevski

– Фросина Ременски, родена 1977 година, доктор на социолошки науки, професорка на Факултет за безбедност. претходно беше член на советот за безбедносни прашања и НАТО интеграции во СДСМ.

frosina-remenski

– Александар Кирацовски, роден 1983 година, магистер по менаџмент на човечки ресурси и поранешен потпретседател на Социјалдемократската младина

kiracovski

– Ванчо Узунов, роден 1964 година, доктор на економски науки, професор на Правниот факултет. Узунов во претходното раководство беше претседател на економско социјалниот совет.

vanco_uzunov

oliverГенерален секретар на СДСМ ќе биде Оливер Спасовски.

Професорката Рената Дескоска Треневска, ќе претседава со Централниот одбор.

Петар Атанасов, професорката Татјана ПрентовиќГоќо Танасовски,  Хари Локвенец, и  уште 12-тина други кои досега не биле на значајна функција во СДСМ, исто така зазедоа високи позиции во органите на партијата – станаа членови на Извршниот одбор.

На 30 Јуни ќе се одржи нов конгрес на партијата каде ќе се донесат измени во Статутот на партијата, со што и формално Радмила Шекеринска ќе ја преземе функцијата заменик-претседател на СДСМ.

MK News

Автор инфо

One Response to “Еве кои се новите лидери во СДСМ (Фото)”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.