ЕВН Македонија со нов проект за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи


ЕВН Македонија ја најавува новата програма за стипендии „ЛОСТ“ за која ќе можат да конкурираат студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електро-енергетските насоки на некој од електротехничките факултети во земјава.

За поддршка на 10 студентки и студенти, кои потекнуваат од семејства со вкупни месечни примања пониски од две минимални плати, во текот на една учебна година, ЕВН ќе одвојува по 8000 денари месечно и ќе овозможи учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Можност да добијат стипендија имаат и кандидатки и кандидати кои за прв пат годинава сакаат да се запишат на факултет. Услов за добивање на стипендија ќе биде да бидат примени како студенти на соодветните факултети.
Обврска на стипендистите е редовно да ги полагаат испитите од тековната година.

Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на jobs@evn.mk до 30 септември 2020.
При доделувањето на стипендии ќе се овозможат еднакви можности и правичен третман на сите, без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.

ЕВН Македонија веќе 10 години доделува стипендии за студентите на енергетските насоки на Електротехничките факултети. Досега се доделени 50-ина стипендии, и дел од стипендистите веќе ја развиваат својата професионална кариера во ЕВН. Со овие активности интересот за насоките кои се поддржани од ЕВН Македонија од година во година е се поголем, а со тоа и бројот на стручни кадри кои се иднината на енергетиката во земјава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1