Европски совет: Расправата прекината, пауза по барање на Туск


По опсежната дискусија меѓу лидерите за аспирациите на С.Македонија и Албанија да се придружат на ЕУ, петседателот на Советот Доналд Туск побара пауза, надевајќи се на договор за надминување на француското опирање на почетокот на преговори за двете балкански нации.

Непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Макрон во врска со прашањето за давањето датум за почеток на преговорите за Северна Македонија и Албанија, е единствениот кој засега најавува блокада. Тој во околу петминутното обраќање пред новинарите, не кажа ништо по ова прашање, но затоа се задржа подолго на постигнатиот договор за Брегзит.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1