Евтини авионски карти – 99 евра до Виена, Солун, Сараево, Сплит, Дубровник..


Евтини авионски карти до неколку европски дестинации од 15 август.

Српскиот авиопревозник „Јат ервејз” нуди повратна карта по цена од 99 евра до осум дестинации. И тоа од Белград кон Виена, Солун, Штутгарт, Тиват, Подгорица, Скопје, Сараево, Сплит, и Дубровник.

Промотивниот пакет ќе важи од 15 август до 10 септември, но во тој период ќе може да си купите само карта – но за да летате во периодот од 10 септември до 14 март 2013 година. Понудата не важи за време на новогодишните и божиќните празници.

во понудата се нудат и повратни билети со цена од 129 евра за до Атина, Рим, Милано, Истанбул, Берлин, Франфурт, Дизелдорф, Копенхаген, Стокхолм, Гетеборг.

159 евра пак чини повратна карта од Белград до Цирих, Амстердам, Брисел, а за 179 евра до Париз и Лондон.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Евтини авионски карти – 99 евра до Виена, Солун, Сараево, Сплит, Дубровник..”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.