Светлана Ражнатовиќ излегла на сцената во дискотека, во која што требала да пее, но поради технички проблеми многу се вознемирила и се повлекла од сцената.
Сите врескале кога се појавила Цеца и кога започнала да ја пее песната ”Beograd”, но едвај се слушало. Публиката пеела, но и понатаму не се слушало ништо поради проблеми со микрофонот. Цеца почнала да пее друга песна, но повторно истото. Публиката започнала да скандира „Уаааа“.
Цеца нервозна се симнала од сцената, а потоа и бендот го направил истото, па забавата продолжила со ди-џеј.
Луѓето врескале: „Вратете ни ги парите“. Точно во 2 часот Цеца повторно се појавила и се поминало во најдобар ред.