Филипче: Голем број од новите случаи се од 15 семејства, мерките се затоа што кажаа дека шетаат по цел град


На прес-конференцијата, Филипче соопшти дека голем број од новите случаи се асимптоматски и најголем број од нив се од неколку познати кластери, иако има и неповрзани.

Blood sample with respiratory coronavirus positive

Продолжува тестирање на сите контакти во кризните општини, од денес до вчера таргетирано се тестираше и кластерската анализа и кластерската анализа го покажа следново:

Околу 15 семејства, вкупно носат 90% од новите случаи.

Има и нови случаи кои не се поврзуваат со овие семејства, што е доказ дека вирусот постои и го има надвор од овие кластери.

Несомнено е дека имаме еден втор бран, како резултат на непочитување на мерките за собири и групирање, што го докажа и увидот во епидемилошките прашалници.

Зголемениот број исто така е очекуван заради начинот на тестирање од овие денови, со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски случаи.

Денес има највисок број на тестови во 24 часа, па со овој начин рано се идентификуваат носителите на вирусот и сметаме дека бранот кратко ќе трае, но остануваме претпазливи.

За сметка на тоа, се намали бројот на скринингот на вработените во градинките.

Уште еден податок, вирулентноста значајно слабее, анализата на симптомите во изминатите 7 дена покажува дека има многу случаи кои се асимптоматски, кои се со лесни симптоми. Но, ова не значи дека вирусот не е опасен, сведоци сме дека и сега има пациенти со тешка клиничка слика и граѓаните мора да внимаваат.

Иако бројката на заразени е висока, таа се шири во рамките на кластерите или на лица кои се веќе во изолација. Но, има и спорадично ширење, па мора да апелирам до повторно почитување на мерките.

Во текот на овие 2 дена комисијата прави детални анализи со тимовите на епидемиолози, во однос на новиот бран и ширењето, со цел да се има подобар увид и во недела ќе се дискутира за следни чекори.

Има 11 случаи на заразени во 8 септември, здравствени работници, но работата не е компромитирана. На Гинеколошко-акушерска клиника има 2 заразени. Согласно овие податоци за големиот број на дијагностицирани во овие 24 часа, сметам дека е оправдана одлуката за полициски час. Апелирам граѓаните да ја почитуваат, а институциите да казнуваат доколку има непочитување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1