Филипче: Околу 70 отсто од новозаболените се од Чаир и Сарај – Нови 89 случаи


Во изминатите 24 часа регистрирани се 89 новозаболени граѓани од коронавирус, 17 се оздравени, додека седум се починати. Дијагностицирани се 2.315 граѓани, а имаме починати 140 имаме, додека активни случаеви се 606. Тројца од Дом за стари лица се болни, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

И покрај високите бројки на новозаразени, рече Филипче, нема лица кои се јавуваат во болницте.

– Добар дел од пациентите остануваат дома и здравствениот систем и со овој бран добро ќе се справи. Околу 70 отсто од новозаболените се од Чаир и Сарај. И денеска се работи интензивно во Чаир и Студеничани, а податоци ќе имаме утре – рече Филипче.

Шест конфекции во Штип е одлучени додаде министерот времено се затворени и дома се останати околу 600 лица.

– Ќе се причека два до три дена за да се утврди дали има потреба за нови рестриктивни мерки – рече Филипче.

Тој потврди дека има поединечни примери каде граѓаните не секаат да соработуваат со државните власти и да се тестираат.

Во однос на тестираните членовите на СДСМ по нивниот контактот со Мухамед Зекири, министерот Филипче рече дека готови и утврдени биле состојбите за петмина од партиското раководство, а се чекале резултатите за техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Со оглед на сите параметри, најверојатно Спасовски ќе треба да мине 14 во домашен карантин – рече Филипче.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1