Филипче: Тројцата наши државјани не се меѓу заболените од коронавирусот на бродот во Јокохама


До утрово немаше некоја измена односно иако расте бројот на заболени од коронавирусот внатре во бродот во пристаништето во јапонскиот град Јокохама, тројцата наши државјани кои работеле на бродот не се меѓу заболените.

Информациите за нив ги добиваме преку луѓето назначени за комуникација преку меѓународниот здравствен правилник. Тоа се двајца наши вработени во Институтот за јавно здравје.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека на дневна основа се комуницира со таа меѓународна институција.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има најава од Кинеската амбасада кога треба да се вратат кинеските работници кои работат во земјава, посочи дека што се однесува до кинеските државјани немаат информација од Кинеската амбасада ниту пак најава.

– Тие ќе најават кога тие кинески државјани кои треба да се упатат во нашата земја ќе бидат ставени во карантин. Значи ќе имаме уште дополнителни две недели откако тие ќе бидат во карантин и практично и кинеските здравствени власти ќе бидат осигурани дека ќе бидат пратени здрави заради тоа што ќе помине периодот на инкубација и ние дополнително да се осигураме со нашите превентивни прегледи, додаде Филипче по пуштањето во употреба на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиниката во Ѓорче Петров, каде е набавен и нов рендген апарат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1