Филипче: Зибери е разрешен бидејќи го поткопа угледот на Комисијата за заразни болести


Министерството за здравство денеска информираше дека од функцијата е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери. По неговите обвинувања дека станува збор за политичка одлука, бидејќи неговиот чичко бил кандидат за премиер, министерот за здравство Венко Филипче, прашан за коментар истакна:

-Апсолутно сакам да го демантирам тоа. Разрешувањето следува по неговата изјава. Го поткопа угледот на членовите на Комисијата за заразни болести. Одлуките се носеа исклучиво базирани врз науката. Апсолутно никој не смее да политизира и да добива политички поени на едно такво сензитивно прашање. Нема да дозволам никој да ја политизира стручната работа на комисијата, чии членови 4 месеци работат посветено за да се справиме со кризата, рече министерот Филипче.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1