Утринава во 6:40 избувна пожар во кафе-барот “Шевињон”. Кафе-барот комплетно изгорел, додека соседните дуќани на “Шевињон” претрпеле огромна штета. Од првичниот увид на полицијата, направена е материјална штета од стотици илјади евра.
Нема повредени. Пожарот пламнал десетина минути пред седум часот, поради дрвениот и пластичниот ентериер за брзо време се распламтел. Противпожарната служба успеала да го изгасне пожарот околу 7 часот. Неофицијално, дознаваме дека пожарот би предизвикан од грејно тело.
Поплавен е и првиот кат од ГТЦ од водата со која пожарникарите го гасеа пожарот.