ФОТО: Македонците масовно донираат за настраданите од поплавите во Србија и БиХ


Донации за настраданите од поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина започнаа да собираат македонските граѓани. Дел од нив со сопствени автомобили преполни со храна и вода се упатуваат кон Врање. Во текот на вчерашниот ден, за само неколку часови, од донациите на телефонскиот број 143 400 собрани беа околу 24.000 евра. На социјалните мрежи се јавуваат стотици граѓани кои сакаат да се пријават како волонтери во кризните подрачја во Србија и во БиХ.

1486007_674328285937878_6705213237897673611_o

makedonija-donacii

Големата акција за донирање храна, вода и облека почнува на 12 часот на плоштадот Македонија во Скопје. Храна, средства за хигиена, нова облека и обувки, ќебиња, бебешка храна и вода за пиење се производите кои се најпотребни во поплавените подрачја на Србија и Босна и Херцеговина, информираат од Црвениот крст на Македонија.

10007396_1418093985132351_7682176014438595541_n

makedonija-donacii1

Утринава, со хеликоптер за Србија замина една чета од Единицата за специјални задачи „Тигар“ која е професионална за спасување и помош во кризни ситуации.

makedonija-donacii2

ФОТО: Фокус

MK News

Автор инфо

One Response to “ФОТО: Македонците масовно донираат за настраданите од поплавите во Србија и БиХ”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.