Фото – Не сакам да седам до црнец – еве како изреагирала стујардесата


 

Непријатна случка при лет во Шпанија. Патничка одбила да седи до црнец и барала смена на седиштето по секоја цена. Оваа фотографија на интернет ја поставила патничка која била на летот додека настанала непријатната сличка. Еве како Mарианела Агуире ја раскажува случката.

 

,,  Бела жена на околу 50 години влезе во авионот и стаса до своето седиште. Авионот беше преполн со патници, а на местото до неа седеше афроамериканец. Таа веднаш ја повика стјуардесата и инсистираше на друго седиште.

“Јас не можат да седам во близината на еден црнец.” – рече дрско жената додека афроамериканецот ја слушаше и молчеше со наведната глава.

Фотографијата и приказната веднаш се раширила на фејсбук и има преку 150.000 споделувања.

Стјуардеса и одговори: “Дозволете ми да видам дали има друго седиште.

Кога се врати стјуардесата и рече на жената: “Госпоѓо, не постои друго слободно место во економска класа, но ќе проверам со капетанот дали има едно место во прва класа.

Жената полна себе стоеше цело време одбивајќи и на момент да седне до црнецот.

По  10 минути дојде стујардесата повторно и рече: “капитенот потврди дека нема места на располагање во економска класа, има во прва класа. Но не е пракса на  компанијата да менуваме седишта од економска во прва класа, но гледајќи дека овој инцидент е сериозен и неможеме никого да натераме да седи до некого што не сака, капетанот се согласи да се направи преминот во првата класа.

“Пред жената да се каже нешто, стјуардесата се заврте кон црниот човек и рече на цел глас:

” Господине, ве молиме да си ги земете вашите лични предмети, ве преместуваме во прва класа, на поудобно место, бидејќи капетанот не сака да седите до една ваква одвратна личност,,

На најблиските седишта започна плескање. Сите патници навиваме и ја поздравивме одличната реакција на капетанот и стујардесата. Црниот човек беше горделиво насмевнат и си се премести во прва класа – оваа фотографија е моментот додека одеше накај новото седиште. Додека белата жена засрамена седна на седиштето и не ја подигна главата целиот пат. Додека патниците и довикуваа – страмота, расист сте и слично.

 

 

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

One Response to “Фото – Не сакам да седам до црнец – еве како изреагирала стујардесата”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.