Видео/ФОТО: Во Раковица разоткриена завера ХААРП – во лажно дрво антена


Мистериозниот ХААРП систем, кој некои Американци го сметаат како предизвикувач на суперураганот Сенди, продолжува да ги интигрира и Србите.

По теоријата за антените лоцирани во близина на Барајево, кои предизвикуваат тропски температури во Белград, за време на летото и проекцијата дека би можел да ни донесе сибирска зима, српскиот печат открива сосема нова локација на HAARP системот во Србија.
Овој пат, антените, како што тврди анонимен откривач на локацијата за печатените медиуми, се маскирани во дрва.


„Местата Бељин и Земун кои беа споменати во претходните истражувања, имаа за цел целосно да го пренасочат вниманието од вистинското место каде што беше поставен ХААРП системот, односно на брдото Стражевица во Раковиц. Веќе неколку години тука постојат антени камуфлирани да изгледаат како дрво. Кога ќе се доближите, ќе забележите дека на нив има репетитори, а во подножјето е трафо станица, која веројатно служи за напојување на ХААРП системот.

Интересно е тоа што е поставена во населено место. Анонимниот пријавувач на антената, во разговор со жителите на ова населено место, дознал дека војската редовно ја обиколува оваа антена, но исто така дека покрај неа се забележани и возила со дипломатски таблички. Сигурен е дека антените не се наменети за мобилните телефони и дека имаат далеку поголемо значење, а во близина била забележана уште една иста таква антена.

Кога ќе продолжите да се движите покрај касарната, од левата страна, се наоѓа брдо со неколку куќи, меѓу која е и оваа антена на фотографијата, но мора внимателно да се забележи околу неа се посадени четинари и со обично набљудување делува дека станува збор за само едно од таквите дрва, но истото е повисоко од другите и на врвот се забележуваат антените.


Изворот забележува дека местото не е случајно одбрано, поради тоа што на истото се наоѓа радарскиот систем за надгледување за целото небо на Србија, па веројатно тоа е географски добра локација за поставување на системот на ХААРП.

„Антената е ставена во населба да не предизвика толкав сомнеж, но доволно блиску до воениот објект за да може редовно да го надгледува“, рекол анонимниот откривач, за српските печатени медиуми.

Инаку ХААРП е скратеница за програмата за активно аурорално истражување на високи фреквенции (High Frequency Active Auroral Research Program) чија цел е да ги стимулира и контролира процесите во јоносферата кои можат да го променат комуникацискиот систем за надгледување. Базата на проектот се наоѓа на Аљаска, а опремата е составена од голем број на радиотрансмитери кои имаат огромна моќ. Проектот е започнат во 1993 година и предвидено е да трае две децении.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

2 Responses to “Видео/ФОТО: Во Раковица разоткриена завера ХААРП – во лажно дрво антена”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.