Франциск беше единствениот папа што ја посетил Македонија


Пред шест години папата Франциск ја посети Македонија

Пред точно шест години, на 7 мај 2019 година, тогаш 83-годишниот папа Франциск ја посети Македонија. Беше пречекан традиционално, со сол и леб. Се сретна со тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов и со премиерот Зоран Заев, а потоа излезе пред илјадниците граѓани пред спомен-домот на Мајка Тереза и низ целата улица „Македонија“ во центарот на Скопје, каде што прошета со папамобилот.

-Македонија е портата преку која христијанството влезе во Европа, бидејќи жителите на македонско тло биле првите Европејци на кои апостолот Павле им го пренел Христовото учење, изјави тој при посетата на Македонија, каде што дојде по посета на Бугарија.

Светиот отец нагласи дека особено е среќен што чул дека во Македонија владее почит кон сите религии и има почитување меѓу припадниците на различните верски заедници.

На Светата миса, која се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, папата испрати поради за љубов, мир и заедништво.  Папата Франциск тогаш порача да се следи делото на скопјанката Мајка Тереза, која три години претходно (во 2016 година) токму тој ја прогласи за светица, како пример за братството, милосрдието и сочувството меѓу луѓето.

Посетата на папата Франциск на Скопје, како и понтификалната миса на плоштадот се одвиваа под строги безбедносни мерки, а на плоштадот присуствуваа 15 000 верници со претходно обезбедени билети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1