Геј заедницата удри по комедијата ,,Умри мушки,, – тие пак ,,мушки,, вратија


Ова е видеото на кое реагираше ЛГБТ заедницата

,,Правиме шеги на сметка на политичари, спортисти, новинари, јавни личнос, по кој основ Вие заслужувате да бидете изземени!  Ние играме претстави кои не им се допаѓаат на многу појаки фраери од тие што се собрани во Вашето здружение!,, ова е дел од одговорт на организаторите на преставата ,,умри мушки,,

lgbtЗдружението ЛГБТ Јунајтед (здружение на лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансродни лица) остро го осудува видеото со кое се промовира настанот „Умри мушки-стенд ап комедија“, која че се одржи на 2 февруари 2013, поради јасно изразените хомофобични намери во харикирање и свесно омаловажување на ЛГБТ лицата.

„Загрижени сме за последиците доколку се одржи овој настан , и не загрижува фактот дека и покрај тоа што овој ден не е воопшто поврзан со хомосексуалноста, тој во нашата земја сѐ уште се користи како ден на пропагирање и ширење на хомофобијата“, се вели во реакцијата на Здружението.
Тие бараат реакција од сите надлежни институции и објаснување од организаторите на овој настан.

Организаторите веднаш им одговорија еве што велат во нивното соопштение.

umri muskiПочитувани од ЛГТБ Јунајтед, наместо да бидете среќни и задоволни затоа што некој во државава навистина Ве третира како рамноправни граѓани, Вие го дигнавте гласот против театарска стенд ап претстава?!И толку од Вашата храброст!Немате чест и доблест за своите права да се борите во ниту една институција, туку ви засмета УМРИ МУШКИ!Одлично!Само да Ве потсетиме дека минатогодишната претстава на 02.02.2012 НИ СРАМ, НИ ПЕРДЕ во својата завршна реплика упатува порака дека Вашиот живот е само Ваш, и дека сходно на тоа треба да ве почитуваат како личности, а не поради сексуалната определба, за да на крајот токму за оваа поента актерот Сашо Тасевски доживее петминутни овации!Ние како СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА, за разлика од Вас отворено се залагаме за рамноправност на сите луѓе во оваа земја, не само на хомосексуалците, лезбејките, бисексуалците и трансродните лица.

Ако можеме да правиме шеги на сметка на политичарите, спортистите, новинарите, јавните личности, по кој основ Вие заслужувате да бидете изземени!Е гледате, повторно за разлика од Вас, ние не се плашиме во оваа демократска држава, туку јасно и гласно говориме, и играме претстави кои не им се допаѓаат на многу појаки фраери од тие што се собрани во Вашето здружение!

Оттаму, лоцирајте си од каде ви се проблемите, и зошто не можете да си ги реализирате правата, па потоа пуштајте вакви смешни соопштенија во јавноста!А начинот на кој се промовира претставата е чист маркетинг, дозволен со Уставот и законите на РМ!Има една работа која треба да ја знаете за стенд ап-от, а тоа е дека стенд ап-от претставува говорење на чиста вистина, а таа е на моменти смешна, но истовремено и очајно болна!На вашата борба и треба вистината!Или можеби повеќе Ве интересираат донациите од странските амбасади!Којзнае!!
Со почит
Оливер Ромевски
сопственик на СТЕНД АП МАКЕДОНИЈА
специјалист по човекови права

MK News

Автор инфо

3 Responses to “Геј заедницата удри по комедијата ,,Умри мушки,, – тие пак ,,мушки,, вратија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.