Германија, Франција, Чешка воведуваат карантин


Корона вирусот урива рекорди во регионот и Европа. Над 2300 нови случаи за еден ден пријави Хрватска. Во Бугарија се потврдени 2569 новозаразени, а во Словенија над 2200. 15 000 нови случаи регистрираше Германија. Ситуацијата изгегува од контрола истакна Меркел.

Слични се изјавите и на властите во Чешка, Франција, Шпанија, Италија, Белгија земји кои исто така имаат неверојатни бројки на нови случаи. Новите рекорди носат и засилени мерки. Од денеска до 3-ти ноември во Чешка е во сила седумдневен полициски час, од 21 до 5 часот наутро.

Германија планира од 4-ти ноември рестораните и баровите да бидат отворени само за земање храна или пијалоци, а целосно да се затворат теретаните, кино салите,театрите. Училиштата и градинките ќе останат отворени додека собирите на јавни места би се ограничиле на членови од две семејства.

Нови мерки ќе објави и францускиот претседател. Се очекува Макрон да прогласи четиринеделен национален карантин.

Строги органичувања има речиси во цела Европа. Русија побара од СЗО забрзана регистрација и преткфалификација на ковид вакцината Спутник В поради поразителните бројки на смртни случаи на дневна основа. Рекордни 2,8 милиони нови случаи на ковид биле пријавени на глобално ниво во изминатите седум дена сумираше СЗО. Од нив 40 000 починале.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1