Германија има потреба од работници


Побарувачката на работна снага во Германија и натаму е висока. Податоците на Инатитутот за истражување на пазарот на работна сила и вработеност на Германија покажуваат дека во последните три месеци лани во оваа земја имаше 1,06 милиони слободни работни места. Тоа како што пренесуваат агенциите е за 20.000 повеќе отколку во 2012 година.

germanВо преработувачките гранки бројот на работни места на годишно ниво е зголемен за 20 отсто. Во градежништвото бројот на слободни работни места е зголемен за 5о отсто.

Според податоците на Институот, во земјоделството, шумарството, рибарството, потоа банките и осигурителните компании бројот на слободни места е намален.

Овие податоци, како што појаснуваат од Институтот за истражување на пазарот на работна сила и вработност на Германија, се однесуваат само на примарниот пазар на работна сила и вработеност.

Во Германија под тој поим се подразбираат слободните работните места на кои работодавачите добиваат субвенции и други погодности во рамките на државната политика на вработување.

A1On

Еве како до работа во Германија – што се бара и ЛИНК до информации

MK News

Автор инфо

One Response to “Германија има потреба од работници”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.