Гледале како им ги убиваат мајките – 8те деца преживеале пекол


Осум деца, од кои некои биле бебиња, преживеале напад од нарко картелот во Мексико во кој настрадаа нивните мајки, поминале пекол, со часови се криеле во грмушките, а некои од нив па пешачеле со километри барајќи помош.

Впо масакарот кој се случи во понеделникот во Мексико во близина на границата со САД, убиени се девет членови од американско мормонско семејство, три мајки и шест деца во заседа која ја поставиле убијци од нарко картелот.

Напаѓачите со „дожд“ од куршуми ги погодиле трите возила во кои се возеле жртвите, а едно од возилата било и целосно изгореноо.

АП наведува дека една од жените го сокрила бебето под седиштето на автомобилот и илегла мафтајќи со рацете да покаже дека не претставува никакава закана. Таа се одалечила од возилото  за да го привлече вниманието на убијците, а нејзиното изрешетано тело е најдено на 15 мести од автомоблот.

Нападот го преживеале осум деца, од кои пет биле со хеликоптер пренесени во САД за да добијат медицинска помош поради тешките повреди.

Медицинските работници навеле дека децата биле во стабилна состојба кога тргнале на пат.

Три до децата не се повредени и засега се сместени кај роднини.

„Откако видел дека мајка му и братот се мртви, Девин кој имал 13 години, ги земал шесте деца и ги сокрил во грмушките со гранки , за да бидат на безбедно додека не дојде помош. Бидејќи долго не се вратил, неговата 9- годишна сестра го напуштила местото и се обидела да дојде до селото по помош.

Девојчето одело само во темнина со часови, додека не е најдена, па  потоа се спасени и останатите деца. А биле само околу шест ипол часа.

Кога мексиканската војкска пристигнала на местото на злосторството затекнала ужас. Едно девојче од 8 години било погодено ви вуилицата и обилно крварело, а другото било погодено во ногата и во раката.

Официјални лица од Мексико тврдат дека напаѓачите ги замениле идентитетите на жртвите со спротиовната мафија, поради теренското возило со кое се превезувале, мислеле дека тоа е спротивната банда.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1