Ѓоковиќ отфрлил понуда од 100.000 долари за местење натпревар


Првиот рекет во светот, Новак Ѓоковиќ во 2006 година добил понуда за учество во договорен натпревар од кој требало да добие 100.000 долари, тврди “USA Today”.nole

Според изданието, Ѓоковиќ го добил предлогот од посредник. Од 2008 година тенисерите се должни да објавуваат пред соодветните органи (Tennis Integrity Unit) при обиди да бидат поткупени или вовлечени во шемите за измами.

Пред неколку недели Ѓоковиќ во интервју за “USA Today” индиректно потврдил дека постои веројатност да има договорени натпревари во тенисот и тоа му штети на угледот на неговиот спорт.

“Вакви појави не смее да има во тенисот, но во реалноста не е баш така”, рекол Ноле.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1