Голема акција со 22 уапсени – Разбиена дилерска група од Чаир, Гази Баба, Сингелиќ и Грчец


22 лица се уапсени во големата акција против трговија на дрога која ја спроведе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Со асистенција на специјалните единици на МВР се вршеа претреси во четири скопски населби, Грчец, Чаир, Гази Баба и Сингелиќ.

Најмалку еден од уапсените е малолетен. Негови роднини дојдоа во Полициската станица Карпош за да остават храна, но не сакаа да зборуваат пред камерите.

Истрагата траела една година, а биле користени и ПИ-мерки.

-Ние имаме докази дека овие приведени лица сториле кривично дело – недозволена трговија со опојни дроги и прекурсори. Не сакавме пред акцијата да спроведеме финансиска истрага. Се плашевме да не ни се пробие целата акција, но, од понеделник ве уверувам дека ќе почне и финансиска истрага. Сега нема полициски службеници, но ќе видиме понатаму, ќе се вршат вештачења на телефоните кои се одземени и доколку се најде комуникација сигурно дека ќе бидат осомничени и овластени службени лица.

Во претресите запленети се дрога, пари, автомобили и мобилни телефони. Но засега не е познат ниту видот, ниту количината на запленетата дрога.

Полициски службеници и јавни обвинители од рано изутрина во четири полициски станици во Скопје вршат распит на уапсените. Според процедурите, во полициска станица осомничените можат да бидат задржани до 24 часа од апсењето, по што ќе мора да бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1