ГРАЃАНИТЕ ЌЕ СЕ ОСЛОБОДАТ ОД КАМАТИТЕ ЗА СТАРИТЕ ДОЛГОВИ


Собраниската Комисија за финансирање и буџет даде зелено светло за законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица кои се направени во периодот до 31 декември 2017 година… Законското решение предвидува тие да бидат ослободени и од плаќање на затезните камати за судските, нотарските и извршителските трошоци.

Сега се очекува овој закон да се донесе од страна на Собранието пред неговото распуштање предвидено на 12ти февруари… Отписот и репрограмирањето задолжително ќе мора да го извршат јавните и државните претпријатија и државните органи и установи на централно и локално ниво, Приватните доверители, како ЕВН, телекомите, банките и други овој закон не ги обврзува да отпишуваат камати и да репрограмираат долгови на граѓани, но се очекува дека и тие ќе го следат примерот на државните доверители и ќе извршат отпис барем за долговите за кои се свесни дека тешко ќе ги наплатат.

Овој закон со кој граѓаните ќе се ослободат од пресметаните камати на долговите кон државните доверители, од кои некои се таложени и по повеќе од една деценија, важи за сите, без разлика на примањата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1