Градоначалници- Албанци практикуваат соживот – сајтовите Тетово, Струга, Дебар на албански


Наместо www.debar.gov.mk, официјалната страница на општината Дебар може да ја побарате на www.dibra.gov.mk. На оваа веб-страница може да добиете информации за градот Дебар, но само на албански јазик. Официјалната адреса на општината Тетово е www.tetovo.gov.mk, но откако ќе се отвори страницата може да се забележи дека наместо адресата на општината во полето каде што треба да стои адреса пишува http://teutaarifi.com/

tetovo[10]Македонците во Струга, Дебар и во Тетово за работата на својата општина не можат да се информираат од веб-страницата. Тие се жалат дека уште од почетокот на мандатот на новите градоначалници на овие општини на официјалните страници информациите се поставуваат само на албански јазик.

На страницата на Струга на македонски јазик има само генерални информации, а на оние на Дебар и на Тетово нема ни толку. За разлика од кај нас, во Косово, каде што Србите не се повеќе од 3 отсто од населението, сите информации на државните институции на интернет-страниците се преведуваат и се објавуваат на албански, на српски и на англиски јазик. На официјалната страница на градот Приштина, на пример, речиси сите вести можат да се прочитаат и на српски јазик. Преведени интернет-страници кај нас имаат само општините Кичево и Гостивар, а некои од помалите албански општини воопшто немаат ни официјална страница.

ВО ДЕБАР ИЗНЕНАДЕНИ ДЕКА МОРА ДА Е НА МАКЕДОНСКИ

Наместо www.debar.gov.mk, официјалната страница на општината Дебар може да ја побарате на www.dibra.gov.mk. На оваа веб-страница може да добиете информации за градот Дебар, но само на албански јазик, додека, пак, кога ќе кликнете за македонската опција, пишува дека страницата е сѐ уште во изработка. Градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, очигледно не знаел дека веб-страницата на неговата општина нема македонска опција. Кога го прашавме зошто информациите на официјалната страница на општината напишани на албански јазик не се преведени на македонски, тој се изненади.
– Навистина, нема на македонски јазик? Па добро, само што почнав да работам на ова работно место, сѐ уште сум нов. Наскоро страницата ќе ја има и на македонски јазик, сметајте го ова за завршена работа. Ви благодарам за забелешката – ни кажа градоначалникот Љата.

Тој исто така беше изненаден и од фактот дека интернет-адресата на општината треба да биде напишана на македонски, а не на албански, како што е случајот со Дебар.
– Па, ова е албанска општина – кусо одговори градоначалникот.

Што за ова велат и останатите градоначалници прочитајте на – Нова Македонија 

MK News

Автор инфо

One Response to “Градоначалници- Албанци практикуваат соживот – сајтовите Тетово, Струга, Дебар на албански”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.