-Кога дојде инвеститорот на средба со него, Ацо подзаспал на средбата, па ќе паднел од масата, на што инвеститорот го придржал и го разбудил да не падне од масата, истакна Груевски.
Премиерот Никола Груевски на денешниот митинг во Охрид, говорејќи пред големиот број присутни граѓани кои дојдоа да ја слушнат програмата која се нуди за подобар Охрид, истакна дека Петрески задремал на средбата со индискиот инвеститор.
-Кога дојде инвеститорот на средба со него, Ацо подзаспал на средбата, па ќе паднел од масата, на што инвеститорот го придржал и го разбудил да не падне од масата, истакна Груевски.
Ваквата непријатна ситуација, како што рече премиерот, инвеститорот му ја кажал на вицепремиерот Зоран Ставрески, посочувајќи му дека да не била Владата и силната доверба дека неговата инвестиција ќе се реализира и тој ќе биде сфатен сериозно, ќе си заминел.
-Ова никогаш и никаде не ми се случило, да дојдам кај некој градоначалник да му кажам дека ќе инвестирам и ќе вработам стотици луѓе, а тој да ми задреме на средбата, му рекол инвеститорот на Ставрески.
Курир
Видео – А1он