Гробот на Александар Македонски е во Македонија, но не е во Овче Поле


Една од можностите е дека во утробата на ридот кај селото Црнилиште се наоѓа гробницата на Големата Мајка, а друга дека е таму бил закопан врховниот бог на Македонците, богот на сонцето Ѕе

macedonian-geoglyph
Гробот на Александар Македонски се наоѓа во Македонија но, не е под геоглифот во Овче Поле, кај селото Црнилиште. Таму, се крие голем сакрален објект, комплекс со гробница со површина најмалку двапати поголема од она што се гледа. Сепак, за што конкретно се работи, ќе биде обзнането кон крајот на септември. Ова за Вечер го изјави професорот Аристотел Тентов, кој во март годинава заедно со истражувачки тим составен од врвни светски научници, со софистицирана опрема, без копање истражуваа на геоглифот. 

aleksandar makedonski– Истражувањето беше бомбастично најавено од медиумите и ја заинтригира цела јавност, па ние се обидуваме топката малку да ја смириме. Иако не кријам дека самиот настан по своето значење е бомбастичен, бидејќи сите ние што бевме дел од истражувачкиот тимот сме вчудоневидени од добиените сознанија дека под геоглифот се крие комплекс чија површина е за двапати, па дури и за три пати поголема од она што се гледа, вели професорот Тентов чија хипотеза уште пред почетокот на испитувањето беше дека под геоглифот се крие гробница на некој владетел, на личност, која е уште позначајна од големиот македонски војсководец. Тоа уште еднаш ни го потврди во неофицијалниот разговор со него.

Вели дека една од можностите е дека под ридот се наоѓа гробицата на Големата Мајка а друга дека е таму бил закопан на Врховниот Бог на Македонците, Богот на сонцето Ѕе. Тоа, според него го покажува и кодификацијата на самиот симбол на геоглифот кој, според него, содржи букви од демотското, односно древномакедонското писмо кое испишано и на Каменот на Розета што датира од 196 година пред Христа.

– Она што во овој момент е сигурно е тоа дека гробот на Александар Македонски не е под геоглифот, но тоа не значи дека се наоѓа кај нашиот јужен сосед, како што неодамна обзнанија.

Tags:

MK News

Автор инфо

One Response to “Гробот на Александар Македонски е во Македонија, но не е во Овче Поле”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.