Хан: Ризик од дестабилизација на Балканот по неспособноста на ЕУ да отвори преговори


Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се огласи на Твитер по вчерашниот неуспех на лидерите на ЕУ да донесат јасна и суштинска одлука, како што ветија во јуни, за стартот на преговори со Македонија и Албанија.

– ЕУ лидерите не успеаја да ги исполнат своите заложби за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија на Европскиот Совет. Ова претставува екстремно разочарување. Земјите членки на ЕУ сега треба да се изјаснат за тоа колку е сериозна нивната заложба кон ЕУ интеграцијата на Западниот Балкан, напиша Хан.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1