Храна со истечен рок и зачинета со црви – и ова се продавало во македонските продавници


Ларви и црви во проја, мувла во сушено овошје, бубашваби во векни леб, расипани млеко, јајца и риба се само дел од „специјалитетите“ што ги купиле граѓаните во државава.

palenta3Не се работи за шега, туку производи со „зачини“ што биле најдени во прехранбени производи на легални производители од големи синџири маркети и овластени продавници. Потрошувачите лани и годинава се почестиле и со голем дел производи со изминат рок на употреба кои го забележале дури откако стигнале дома, пишува Дневник.

Во Агенцијата за храна велат дека заклучно со крајот на ноември поднесени биле 190 претставки од кои околу 70 отсто биле основани, односно тоа ги потврдила контролата на инспекторите.

Според официјалните бројки, граѓаните освен на декларациите несоодветни со содржината на производите, се жалат и на продажбата на храна по пазарите, но и во ресторантите, сендвичарниците и кафетериите.

Ужас: Палента од Жито Лукс купена во Скопје полна со бубачки (Фото)
На здравје кафето – во македонско пакување нашле одвратна бубачка (Фото)
Фото: Бубашваба во храната која ја јадат студентите во студентскиот дом Стив
Палента со бубачки, Бурек со црви, кифли со бубашваби – еве што јаделе Скопјани годинава
MK News

Автор инфо

One Response to “Храна со истечен рок и зачинета со црви – и ова се продавало во македонските продавници”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.