Хрватска воведува неработен петок – мерка против невработеност


Додека бројот на невработени Хрватски државјани се зголемува и стигна до бројка од 372,000, владата излезе со нов пакет на мерки, за зачувување на работните места! Наместо да одат во завод, вработените ќе имаат неработен петок.

petok rabotaТој ден наместо работодавачот, ќе им го плати државата. Во одделот за вработување, велат дека ваквата одлука не се однесува на сите, туку само на оние во преработувачката индустрија, и тоа во компаниите каде има проблем со вработувањето. За наредниот петок, обезбедени се 100,000 милиони куни.
Еве како ќе функционира наредниот петок во Хрватска.
Примената изгледа вака: Ако работодавачот му го скрати работното време на вработениот, логично е да му ја намали и платата. Е тука улетува државата, па субвенциите ќе изнесуваат максимално по 2244 куни по работник. Така, ако работодавачот ја спушти платата од 4 на 3000 куни, разликата ја плаќа државата. Дали ова ќе ја намали невработеноста?
Работодавците претходно истакнаа дека мерката е премногу тешко да се изведе во пракса. Сепак Министерството нагласи дека ја поедноставниле документацијата и го укинале досегашното ограничување на субвенциите во облик на 20% плати за вработените.

Иако некој би можел да помисли дека работодавците би можеле да го злоупотребат наредниот петок, надлежните предупредуваат дека ќе се спроведе строга контрола на месечната основа, за да се провери целосната исплата на придонесите, нешто што и понатаму ќе остане обврска за работодавците.

MK News

Автор инфо

2 Responses to “Хрватска воведува неработен петок – мерка против невработеност”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.