Откако помина повеќе од еден месец од обелоденувањето на аферата РЕКЕТ и апсењето на Боки 13 и Зоки кичеец денеска спектакуларна информација – ,,апсење на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Од пресот на обвинителство се дозна дека имало докази дека примила мебел од 5000 евра од некој од обвинетите во Империја за да му ја олесни положбата
Огромен број реакции на Фејсбук и социјалните мрежи за ова..
,, Прво и оставија месец дена можност да ги прикрие сите докази. Излегоа информации дека било наредено па сопрено форматирање компјутери во СЈО,,
,,И ДОЗВОЛИЈА ДА ЈА НАПУШТИ ЗЕМЈАТА И ДА СИ ОДИ НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА.. кој гарантира дека во гепекот не изнела два милиони евра и ги сокрила во Грција????? ,,
,,Ти оставаат 60 дена да уништиш докази, а после бараат 30 дена ПРИТВОР- напиша Димитар Апасиев на Фејсбук.,,
ГЛУМА ИЛИ РЕАЛНОСТ, ВРЕМЕТО ЌЕ ПОКАЖЕ!Алфите како да ја носат на кафе со локум и отворија врата од возилото…Лисици нема се е фарса…Сега не очекувајте спектакл, ќе ја задржат саат-два и ќе ја пуштат или ќе и дадат мерка да не го напушта Скопје или домот. Притвор не очекувајте! Нивно е само го глумат сценариото што го испланираа овие неколку месеци! ОКТОПОДОТ ПАК ЌЕ ПРЕЖИВЕЕ!
Еве што кажаа од обвинителството зошто е уапсена Јанева
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека јавната обвинителка ја злоупотребила службената положба, со тоа што преку Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец издејствувала на бизнисменот Орце Камчев да му биде олеснета положбата како осомничен за случајот „Империја“.
Според истрагата, Јанева се стекнала со 298,000 денари имотна корист, претежно во мебел и предмети.
„Еден од осомничените, Боки 13 (н.з.), со влијание врз Јанева врз база на претходно изградено блиско пријателство, влијаел врз неа за таа да преземе недозволени дејствија, За едно лице Орце Камчев (н.з.), да му се олесни притворот, да му се замени со куќен притвор, да предложи во СЈО, спогодба за вина со плаќање на отштета и враќање на пасошот“, рече Јовески, поткрепувајќи го ова фактографски со датуми и активности потоа со кои се реализирани сите овие ветени олеснувања, до едно.
Двајцата, за да го убедат осомничениот Камчев дека Јанева има влијание, преку спикерфон од телефонот добиле нејзина потврда пред Камчев дека ветувањата за олеснувањата ќе бидат извршени од неа.
Оо ова, сопругата на Орце, Ана Камчева му платила на посредникот Јовановски првин 500.000 евра, а потоа Камчев од куќен притвор, рече Јовески, уште милион евра.
Со ветување дека ќе биде заштитен сведок и ќе плати со спогодба, без да оди во затвор, Јанева од Камчев прибавила мебел од 298 илјади денари, во исто време кога бил доплаќан милионот евра за Боки 13 и за Кичеец.