И Швеѓаните „потклекнаа“ пред Ковид-19, го одложија почетокот на фудбалскиот шампионат


Иако без посебни рестриктивни мерки Швеѓаните сеуште и пркосат на пандемијата на Корона вирусот, сепак полека и тие потклекнуваат пред фактите од опасноста која ги демнее.

Шведската влада работи на нов закон со кој ќе се овозможи спроведување на „итни мерки“ за спречување на covid-19, плашејќи се дека релативно благ пристап кон проблемот ќе предизвика поголема смртност отколку во другите нордиски земји.

Данска и Норвешка воведоа строги мерки за изолација, затворија училишта и продавници кои не се од витално значење, додека Финска ја става во карантин главната урбана област околу Хелсинки. Наспроти тоа, Швеѓаните продолжуваат да одат на шопинг, ресторани и фризери, додека децата под 16 години одат на училиште.

Шведска пријави вкупно 401 смртни случаи во неделата, потврдувајќи дека вистинскиот број поради доцнењата во известувањето веројатно ќе биде значително поголем.

Слободно движе, социјално дружење, но содветна дистанца, отворени училишта и ресторани, без посебни ограничувања и натаму, барем досега, се секојдневие во Шведска.

Но. Популарните „Викинзи“ не се семоќни, па затоа по зголемувањето на бројот на позитивни случаи, но и се поголемиот број на починати од последниците на ковид-19 вирусот, Швеѓаните решија да го одложат почетокот на новата првенствена фудбалска сезона.

Иако новата сезона требаше да започне изминатиот викенд сепак тоа не се случи. Напротив. Кризата со Корона вирусот ги принуди и „либералните“ Швеѓани за двомесечно одложување, па стартот на сезоната „оптимистички“ го најавија за почетокот на јуни месец.

Така, единствени кои во Европа сеуште му „пркосат“ на Ковид-19 и каде се игра фудбал се Белорусите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1