Или бесплатно со ЈСП секој ден или поефтина месечна – бараат пензионерите


Доколку не им се овозможи бесплатен превоз секој ден, пензионерите предлагаат да се намали месечната карта од 1050 на 600 денари денари.

penzioneri-vo-jsp-banskolieВаква опција нудат скопските пензионери до Град Скопје по вчерашната одлука донесена во Сојузот на здруженија на пензонери, објавува Нова Македонија.

Ова ќе му биде соопштено на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Со вакво евентуално решение ќе се ублажат трошоците што пензионерите ги прават за користење на градскиот јавен превоз во останатите денови.

Share Button
MK News

Автор инфо

2 Responses to “Или бесплатно со ЈСП секој ден или поефтина месечна – бараат пензионерите”

  1. Sinapsa #

    Пензионерите не трошат! Не се никаква корист за економијата! Научени се од времето на социјализмот да добиваат се и затоа не може никогаш да бидат задоволни! Мотивирајте ги студентите и олеснете им го барем јавниот транспорт, дајте поефтини карти за автобус…тие ќе ги полнат утре касите на Владата со нивните давачки, а не пензионерите кои чекаат “награда” за нивниот “придонес” во минатото.

    Себични и себесожалувачки се пензионерите. Вторник и петок станаа денови на геријатрија, каде безмилосно се туркаат во автобусите и си парадираат низ Скопје од автобус во автобус. Аман веќе од нив и од нивните побарувања, свртете се малку кон младината!

    20/12/2012 21:28 at 21:28 Reply
  2. Јосиф Давидов #

    Владата со воведување на бесплатениот превоз за постари лица 62/64 во градскиот сообраќај е за поздравување, но се направи реален проблем со тајмингот на користење на превозот. Бидејќи тие денови кога е дозволен бесплатниот превоз на лицата постари од 62/64 се направи невидена гужва и нервозани патници. Решението е многу едноставно, наместо бесплатен превоз во однапред одредени денови, би се давале бесплатни билети и тоа само 30 кои се сосема доволни за еден месец а а би ги користеле кога ќе имаат потреба во тековниот месец. Со сигурност ви тврдам дека ќе се избегнат несаканите турканици и нервози, а постарите лица 62/64 би имале поголема слобода во корстење на бесплатниот превоз, а ќе се има и увид во тоа колку луѓе ја искористиле таа привилигија, толку пари би им се исплатило на давателите на услугата. Овој модел може да се примени и со жичаринцата на Водно,бидејќи и таму е присутен истиот проблем.
    П.С. Убаво би било кога ваков модел би се применил и за една заборавена и многу бедна категорија на луѓе , поточно за луѓето кои останале без работа и без основна егзистенција, но не по своја вина, биле прогласени за технолпшки вишок и стечајци.

    21/12/2012 00:17 at 00:17 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1