In Memoriam: на 84 годишна возраст почина Љубисав Иванов – Ѕинго


Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешениот пратеник во Собранието на Македонија и екс претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

Љубисав Иванов Ѕинго е роден 1936 година во с. Трновац, Кратово. Завршил Рударско-геолошки факултет.40 години Љубисав Иванов бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат “СИЛЕКС” и член и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ).

Иванов беше долгогодишен пратеник прво во Сојузното собрание во поранешна СФРЈ, а од осамостојувањето на Република Македонија и пратеник во Собранието на Република Македонија.

„Македонскиот фудбал денес го загуби еден од своите најдобри и најважни фудбалски работници во својата историја. Ми беше чест што го познавав и соработувавме со Љубисав Иванов – Ѕинго, а навистина е безпредметно воопшто да набројуваме со што сѐ го задолжи нашиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија, напиша Муамед Сејдини претседател на Фудбалска федерација на Македонија“.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1