ИРАН СЕ ЗАКАНИ – ЌЕ ПУКАМЕ НА САД И ИЗРАЕЛ АКО НАПРАВАТ И НАЈМАЛА ГРЕШКА


Командантот на иранската Револуционерна гарда генерал-мајорот Хусеин Салами во обраќањето по повод 40 дена од убиството на командантот Касем Сулејмани, кој беше ликвидиран во американски напад со дрон во Ирак , порача дека Иран ќе стрела кон Соединетите Американски Држави и Израел доколку направат и најмала грешка.

На церемонијата во Техеран новиот командант на специјалните единици Кудс Есмаил Гани го прочита тестаментот на Сулејмани, а во него тој ги повикува Иранците да го поддржат ајатолахот Али Хамнеи и порачува дека политичките фракции треба да ги остават несогласувањата на страна…

Американскиот Сенат денес усвои резолуција со која ги ограничи овластувањата на претседателот Доналд Трамп при можно почнување војна против Иран, но Трамп кажа дека ќе стави вето на таа одлука кое може да го отфрли само двотретинско мнозинство во Сенатот.

Резолуцијата ја поддржаа осум републиакнци и сите демократи и таа беше усвоена со 55 гласа за и 45 гласа против… За резолуцијата да стане обврзувачка, Конгресот би требало да објави војна или да одобри употреба на воена сила против Иран, за дејствувањето против ирански цели да биде легално…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1