Ирски офицер сведочи: Муслиманите тајно го нападнаа Сараево и ги убиваа своите


Муслиманските сили во Сараево, за време на војната и таканаречената опсада на овој град во минатото десетлетије, имале добро утврдени и строго доверливи тајни артилериски положби, за кои не знаеле дури ни припадниците на Обединетите нации и од кои најверојатно било отворено оган, за кој подоцна ги обвиниле силите на босанските Срби.


Ова сензационално откритие, наскоро, во судењето на Радован Караџиќ, кое ќе почне на 15 октомври, на кое еден од првите сведоци на одбраната, јавно ќе го обелодени мајорот на ирската војска и припадник на воената набљудувачка мисија на Обединетите Нации на територијата на поренешната Југославија (УНМО), Пол Конвеј.
Тој бил во таканаречениот тим Зулу, под команда на потполковникот Хари Конингс од Холандија кој бил стациониран во обалста во Седреник во Сараево.

Интересно никој од истражителите на Трибуналот не го контактирал, иако тој бил еден од активните сведоци на бројните случувања во Сараево.
Во сведочењето, Конвеј детално ги објаснува своите детали поврзани со тајните стационирања на муслиманската артилерија, која, како што тврди, ја открил сосема случајно.
„Во време на експлозиите на 28 август 1995 година, мојот партнер кој требаше да биде стациониран на набљудувачкото место, Томас Кнунстад од Норвешка, не беше на своето место. Се сеќавам дека тргнал во прошетка со една водителка од Босна, со која подоцна се ожени и се врати во Норвешка“, вели во исказот мајор Пол Конвеј.

„Не можам да се сетам на точниот датум кога патролирав како офицер за врска на Главниот штаб на УНМО во Сараево, но знам дека поминав покрај борбената положба на босанската армија, на едно стрмно брдо покрај јужниот крај на Сараево. Најверојатно тоа се случи во декември 1995 година, или можеби на почетокот на јануари 1996 година, кога НАТО ја презема контролата над градот. Борбената позиција беше добро утврдена и веројатно дека тука била стационирана подолго време“, навел во својата изјава овој мајор и додал дека и сам бил изненаден од откриената тајна артилериска положба.
Мајор Пол Конвеј тврди дека акустиката во Сараево е таква што често го одбива звукот и поради тоа не можел да утврди од каде доаѓа звукот на експлозијата.

„Поади ридовите и долините некој може да ја слушне експлозијата по само неколку секунди откако истата се случила, додека некои други воопшто не можат да ја слушнат.
Не можам да се согасам со тоа дека од набљудувачката позиција 1 не можело да се слушне артилерискиот оган кој што доаѓал од положбата на босанските Срби. Сепак за тоа треба да се консултираат и балистички експерти“; навел мајорот.
„Откривањето на борбената положба влијаеше кај мене, бидејќи јас не бев свесен за нејзиното постоење и покрај тоа што се наоѓаше во зоната на на одговороност на Зулу тимот. Јас како офицер за врска, бев запознает со голем број на фиксниот распоред на борбените положби.

„Не се сеќавам дека други офицери на Зулу тимот или штабот на УНМО знаеле за постоењето на борбените позиции, но претпоставувам дека ако оваа локација на некого му била позната, тогаш тоа биле единиците од Франција, кој биле стационирани во непосредна близина“, наведва мајорот кој има знаење за анализата на кратерите настанати како последица од артилерискиот оган и утврдувањето на звукот на појдовните или пак дојдовниот артилериски оган.
Овој мајор на ирската војска е сведок и на друг инцидент во Маркале на 28 август 1995 година, за кој исто така треба да даде исказ пред Хашкиот трибунал.
Неговото сведочење се чини дека значително ќе ги размрда обвинителите против некогашниот претседател на Република Србска, Радован Караџиќ.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

2 Responses to “Ирски офицер сведочи: Муслиманите тајно го нападнаа Сараево и ги убиваа своите”

  1. Louis Krstic #

    Pre ili kasnije svaka laž i prevara, sa ma koje strane, ispliva na površinu. Medjutim, to nikako ne olakšava posledice.
    Ipak dobro je da znamo istinu.

    07/10/2012 13:30 at 13:30 Reply
  2. milena #

    Nadam se da će istina izaći na videlo tokom sudjenja.. NATO i Izetbegović su mnogo toga iscenirali.. Cia je iscenirala Markale..

    08/10/2012 13:51 at 13:51 Reply

Остави коментар за Louis Krstic

UA-33057274-1