Израел собори беспилотно летало (Видео)


Израелските военовоздухопловни сили денеска соборија мало беспилотно летало, откако навлезе во воздушниот простор на еврејската држава од Средоземно Море.

– Беспилотното летало (УАВ) е идентификувано како утрово го нарушува израелскиот воздушен простор, а беше пресретнато од ИАФ (израелски воздухопловни сили) околу 10 часот (по локално време), изјави воениот портпарол, потполковник Авитал Леибовиц, пренесува МИА.

по соборувањето војниците го пребарале подрачјето каде што леталото беше соборено, во северниот дел на пустината Негев, во јужниот дел од земјата, за да го лоцираат и да го идентификуваат.

Израелското воено радио нагласи дека во авионот немало оружје и експлозиви и додаде дека се претпоставува дека тој не полетал од Појасот Газа, туку од Либан.

Леибовиц подоцна изјави дека леталото било забележано над Медитеранот во секторот во близина на Појасот Газа, пред да навлезе во израелскиот воздушен простор. Леталото било соборено над шумата Јатир во северниот дел на Негев, ненаселен регион.
Таа операцијата ја оцени како успешна.

Воените експерти почнале да ги проучуваат остатоците од леталото, кое велат дека веројатно е од иранско потекло.  веројатно бил испратен од либанската вооружена групација Хезболах, јави денеска израелското воено радио. Според извори од армијата на Израел авионот извршувал разузнавачка мисија и истовремено ја проверувал борбената готовност на израелската противвоздушна одбрана, јави БТА.
Авионот навлегол во израелскиот воздушен простор над Појасот Газа од Средоземното Море и го продолжил летот кон јужните области на Израел, каде бил соборен од ловци „Ф-16“.

Во јули 2006 година израелската војска собори беспилотно летало на либанското проиранско движење Хезболах. Во април 2005 година беспилотно летало на движењето успеа да го прелета северниот дел на Израел.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1