Како бебе бил фрлен во контејнер , а сега раководи со компанија вредна 62 милиони долари (ВИДЕО)


Приказната за напуштеното бебе кое израсна во успешен претприемач, иноватор и филантроп ги инспирираше многумина на социјалните мрежи.

Фреди Фигерс (30) во моментов е извршен директор на компанија вредна 62 милиони долари што ја основал кога бил тинејџер. Тој исто така поседува 4 патенти и работи со технологија уште од дете.

Фреди е роден во Кунинси (Флорида), а неговата мајка го оставила во контејнер веднаш по раѓањето. Натан и Бети Фигерс го посвоиле кога имал само два дена.

Сега тој е основач и извршен директор на компаниајта за комуникација „Фигерс“. Кога имал 9 години, го добил првиот компјутер што самиот го преправил. На 12-годишна возраст веќе работел како компјутерски техничар, а три години подоцна основал компјутерска компанија.

Кога на неговиот посвоител му била дијагностицирана Алцхајмерова болест, тој му направил патики со вграден GPS сигнал и двонасочна комуникациска врска. Програмата била продадена на компанија од Канзас за 2,2 милиони долари.

Една година подоцна, тој ги вложи парите за да започне со компанијата „Фигерс“, денес најголемата телекомуникациска компанија во сопственост на Афроамериканец.

На 24-годишна возраст, Фигерс веќе дизајнирал 80 програми, а покрај неговиот неверојатен ум и работна етика, тој има и златно срце – модел во неговата заедница; спонзорира младински програми, нуди стипендии на ученици и студенти, плаќа сметки на пензионери

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1