Како да се храните здраво и добро – а да заштедите пари


Здравата храна за жал може да биде доста голем товар за буџетот, ако сакаме да купуваме квалитетни намирници од докажани производители. Сепак, постојат неколку мали трикови кои ќе ви помогнат да откриете како да заштедите пари, но повторно добро да се храните

Еве неколку предлози кои треба да се применуваат при секое пазарење на храна и заштедата е загарантирана.

Однапред избегнете запакована зелена салата

Можеби марулта и спанаќот, кои се исчистени и спакувани во пластични кеси делуваат како одличен начин да се заштеди време за лесна подготовка, тоа е, да веруваме на зборот меч со две острици. Салата која ја купувате во главица поевтина е и сигурно ќе трае подолго од оние спакуваните и затоа да не ви биде тешко да ги исчистите и измиете зелените листови на салатата и спанаќот.

Направете ваша градина

Друг начин да заштедите пари за купување на зеленчук е да го одгледувате сами дома. За одгледување на зелена салата, не ви треба многу место и специфични услови. Една поглема саксија сосема е доволна.

Купувајте зачини, суво овошје и ореви во рефус

Ако во вашите маркети постајат зачини на мерење задолжително купете, а не оние кои се спакувани во кеси или “фенси” стаклена амбалажа на производителот со звучно име. Нема да поверувате колку можете да заштедите со купување зачини на овој начин. Истото важи и за сушено овошје и ореви. Споредете ги цените следниот пат кога ќе одите во купување и ќе ја видите разликата.

Направете залихи

Следете кога се на акција производите кои имаат долг рок на траење како што е маслиновото масло или обичното, тестенините и конзервираната храна и направете залихи кои подолго ќе ви стојат.

Земете компири

Компирот е прилично евтин, но повеќе од корисна намирница која треба да биде составен дел од вашиот долап. Можете да го подготвите на безброј начини и од него да се направи одличен ручек и без месо.

Купете цело пиле

Пилешките гради се најбарани, но исто така е и најскапиот дел од пилешкото и затоа купете ги само кога тие се во акција, а во меѓувреме повеќе ќе ви се исплати ако купите цело пиле или само копани.

Залихи на грав

Гравот е храна која обично се подготвува кога паричниците се тенки затоа што едноставно се подготвува, не бара многу намирници (да, може и без таа коленица), а можеме и да го подгрееме. Поради сите овие причини, наполнете го вашиот долап со грав и побарајте нови начини на кои можете да го подготвите, бидејќи тоа е секогаш добра инвестиција.

Мелено месо

Мелено говедско, кога месото е во прашање, е најдобриот пријател на вашиот домашен буџет. Обично многу е поевтино отколку купувањето месо во едно парче, а со мала количина можете да го нахраните целото семејство. Од само 300 g мелено говедско месо, можете да направите ќофтиња или Bolognese сос за едно четиричлено семејство. Постојат повеќе тортиљи, чили со месо и грав, месен ролат …

Јадете риба

Лекарите препорачуваат риба барем два пати неделно, а вие ќе го земате што поради вашето здравје, што поради вашиот буџет. Купете замрзната риба, која во повеќето случаи е поволна.

Откријте нови начини за користење конзервирана риба

Конзервираната туна е една од најблагородната храна. Можете да ја подготвите на најразновиден можен начин, а се вбројува во поевтина храна. Можете да направите различни топли и ладни салати, сосови за тестенини и moussaka. Само пуштете ја вашата имагинација на воља.

Замрзнат зеленчук

Кога ќе видите замрзнат зеленчук на снижување веднаш купувајте, направете залихи кои сигурно ќе ви се најдат за време на исчекување на толку саканата плата, а истото сторете го и со вашето омилено месо на акција.

Kukuriku.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1