Камчев поднесе кривична против Јанева, нејзиниот син Лазар и Лиле Стефанова


Бизнисменот Орце Камчев денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова, пренесува „Фокус“.

Информацијата за „Фокус“ ја потврдила и шефицата Вилма Русковска, која рекла дека утринава ја парафирала кривичната пријава.

Според напишаното во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група во која наводно членувале нејзиниот син и обвинителката Стефанова, а како што пишува, имале за цел да се здобијат со имотна корист и да го оштетат Камчев.

-Првопријавената Катица Јанева во својство на службено лице – јавен обвинител кој раководел со Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) откако во 2018 година во Скопје создала група од повеќе лица со цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна. Откако подготвила план за начинот на дејствување на групата и улогата на секој член на групата, а во која припадници биле второпријавената Лиле Стефанова во својство на службено лице – јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите која постапувала по предмети кои и биле доделени директно од првопријавената Катица Јанева и која работела по нејзини насоки и упатства и Лазар Јанев кој е син на пријавената Катица Јанева, пријавените презеле повеќекратни дејствија со намера да за себе прибават значителна имотна корист, а како резултат на таквите дејствија на оштетениот Јордан Камчев и на правното лице КАРА АД Скопје им причиниле материјална штета во значителен износ, нематеријална штета, како и на оштетениот Јордан Камчев и на правните лица со кои тој е управувачки поврзан, пишува во кривичната пријава.

Обвинителката Стефанова ја води истрагата „Империја“ во која еден од осомничените е и бизнисменот Камчев. И по распадот на СЈО, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти Стефанова да продолжи да ја работи истрагата за овој случај.

Јанева пак е една од осомничените во случајот „Рекет“, а во кој главен сведок е Камчев. Таа, според обвинението, заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец наводно зеле 1,5 милиони евра мито од бизнисменот а за возврат требало да го спасат од кривичен прогон за случајот „Империја“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1