Камчев: Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Боки 13, а Јанева беше алчна за пари


Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Бојан Јовановски и бандата, изјави бизнисменот Орце Камчев по денешното рочиште на случајот „Рекет”.

-Колку и да била болна за некој вистината, јас таа вистина денес ја кажав пред суд. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила кај Љубомир Јовевски ако имало притисок или влијание врз неа како што велеше. Јас да сакав некој да поткупев тоа ќе го сторев на почетокот на процесот, рече Камчев.

Тој вели дека со тоа што го пријавил случајот сторил голема заслуга за оваа држава. Камчев нагласи дека Јанева била алчна за пари и дека во граѓанска постапка ќе поднел тужби против неа и Бојан Јовановски.

Орце Камчев рече дека Бојан Јовановски ја користеше 1ТВ за да ја покаже својата моќ и преку неа да рекетира. Ја креирал Инсајдер за да се заканува и да бара рекет, пренесува „21ТВ„.

„Покажуваше сила пред нас, во однос на неговата блискост со функционери. Го креираше Инсајдер, во мојата куќа ја гледаше репризата, како тоа го констурираше за одредени бизнисмени. Јас бев шокиран. Како го командуваше уредникот кај него кој денеска пишува колумни на портал, и уредничката негова кои беа главни за Инсајдер. Како треба и што треба за жртвите на Инсајдер да му платат пари.

Сум присуствувал на телефонски разговор како главниот уредник на телевизијата Кабранов како го малтретираше до ноќни часови, заедно со Сергеј Варошлија, на некоја програма од телефони два, каде му се закануваа по живот, и го правеа човекот да не спие со апчиња. Па да го праќа човекот да го пријавува во полиција, па тој да биде херојот дека го спасил. Тоа беше Бојан Јовановски и таа маша на телевизија негова. Одредени новинари му беа директен линк кого да мава и кого да напаѓа“, рече Камчев.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1