Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески вели дека е побаран нов подетален извештај за владата да процени дали идејата за пловидба на трговски бродови под македонско знаме ќе донесе придобивки за економијата и имиџот на земјата, јави Сител.
– Владата заклучи дека треба да се направат подетални анализи и повторно таа анализа да биде разгледана за шест месеци, што значи некаде во мај, бидејќи се работи за обемна промена на регулативата, голем број на активности што треба да ги прави Република Македонија, така што треба дополнителни анализи, првичниот извештај се поднесе, треба да се поднесе нов извештај во мај во соработка со Европската комисија, изјави Јанакиески.
Првичната најава беше дека проектот би се реализирал со заинтересирана компанија во јавно приватно партнерство со што Македонија, по примерот на повеќе земји кои немаат излез на море, ќе добие морнарица и трговска флота.
Тогаш, шпедитерите и компаниите извозници и увозници начелно го поздравија проектот бидејќи бродскиот превоз важи за најевтин и стопанството би имало финансиска корист. Бенефит би имал и буџетот на државата.
Но, најголемото прашање беше како ќе се доаѓа до флотата. Дали преку пристаништето во Солун кое често е затворено заради штрајкови, или преку Драч или Бургас за кои е потребна железничка пруга, објави Сител.
ФОТОГРАФИЈА НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЗАПАЛЕНА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ТИРАНА (ФОТО)
ЗНАЕТЕ ЛИ ШТО ЗНАЧАТ БРОЈКИТЕ НА ТЕТРАПАК? ПИЕТЕ ЛИ РЕЦИКЛИРАНО МЛЕКО (ФОТО)
ПАНИКА ВО ЛУИЗИЈАНА: ОТРОВНА ДУПКА ВО ЗЕМЈАТА СЕ ШИРИ (ВИДЕО)
СВОЈОТ КАПУТ ГО ДАЛ НА 9 ГОД ЌЕРКА ЗА ДА ЈА СТОПЛИ – ТАТКОТО ЗАМРЗНАЛ (ВИДЕО)