Ќе може и да се спие на Аеродром – нудат спиење во мали кабини


Преседнување, чекање до раните утрински летови, губење време на аеродроми… Многумина овие моменти ги користат за многу потребниот одмор, па не чуди тоа што се повеќе аеродроми во својата понуда имаат и нудат и необично сместување.

sleep-airport1Инспирирана од јапонските „капсули за преноќување“, компанијата „Минут Суитс“ уште во 2009 година на меѓународниот аеродром во Филаделфија постави тринаесет кабини. Овие минијатурни апартмани достапни се во секој момент, седум дена неделно, било за одмор, сон или за работа.

Во само неколку квадратни метри има простор за еден кревет, со кој се добива и чиста постелнина, будилник, телевизор, столче и столица, а обезбеден е и пристап до Интернет.

Даниел Соломон, еден од основачите на компанијата, за Би-Би-Си најави дека  симпатичните кабини за одмор од 2014 година ќе се најдат и на другите аеродроми, меѓу кои своите „сместувачки капацитети“ веќе ги резервираа аеродромите во Далас и Чикаго.

Нешто поинаква верзија на аеродромско сместување уште од 2007 година  нудат лондонските аеродроми Хитроу и Гетвик, во рамки на кои постојат својевидни хостели на компанијата „Ѕотел“. Во прашање се минијатурни зданија со триесетина приватни кабини, опремени со автоматски систем за пријава и одјава со наплата, кревет, бежичен Интернет, работен простор и телевизор.

Слични апартмани постојат и на аеродромот Шипхол во Амстердам од 2008 година.

Германската  компанија „Напцабс“ аеродромот во Минхен го опреми со слични „единици за спиење“, а вакви спални соби произведува и „Сноозе Кубе“, компанија која е задолжена за мирниот сон на патникот на меѓународниот аеродром во Дубаи

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1