Клаус и препорача на Грција заедничка валута со Македонија


 Вацлав Клаус, доскорешниот претседател на Чешката Република, на шега и препорача на Грција да прифати заедничка валута со Македонија, како излез од финансиските проблеми и надминување на спорот за името. Клаус зборуваше за економската криза во Грција и во Европа во целина во либертаријанскиот институт Кејто во Вашингтон, каде препорача Грција да ја напушти Европската Унија.

klausНа прашањето за грчкото вето за македонските интеграции, Клаус одговори: – Не сакам да давам силни изјави. Се сеќавам кога бев на самитот на НАТО во Букурешт со другите 28 шефови на држави. Поминаа осум часа, од 20 часот вечерта до 4 утрината, обидувајќи се да ја убедиме Грција да ја смени позицијата.

И јас учестував во таа дебата, и што друго да кажам. Би требало да имате една валута со Грција. Можеби тоа би го решило проблемот, да и предложите на Грција да имате една валута, и ќе видиме, изјави претседателот Клаус, кој беше на чело на Чешка од 2003 година до минатата недела.

eurozone

Во своето обраќање Клаус, кој е познат како чест критичар на Европската Унија, препорача спроведување на суштински промени во ЕУ и во начинот на нејзино функционирање, со цел да се спаси европскиот проект. Тој препорачува исклучување на држави од евро-зоната и нејзино сведување на околу осум од сегашните 17 држави.

– Не верувам дека ЕУ треба да се укине, се уште може да се реформира. Но, сметам дека сме на крстопат и не можеме да продолжиме напред вака. Мислам дека е можно неколку држави да си заминат и се ќе биде подобро, изјави Клаус.

Ваквото исклучување на држави од евро-зоната тој го спореди со разделбата на Чешка и Словачка од заедничката држава Чехословачка. Според Клаус, заминувањето на Грција, кој претставува околу два проценти од европската економија, ќе биде многу помала траума отколку што била ‘кадифената’ разделба на Чехословачка, каде помалиот партнер, Словачка, претставувал дури една третина од економијата

MK News

Автор инфо

One Response to “Клаус и препорача на Грција заедничка валута со Македонија”

  1. WordPress › Error

    There has been a critical error on this website.

    Learn more about troubleshooting WordPress.